11. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Ана Чупевска: ВМРО-ДПМНЕ да се извинат пред граѓаните за сите новинари што ги апсеа

Новоизбраниот Централен одбор на СДСМ вчера именуваше генерален секретар на партијата, двајца организациони секретари и потпретседатели. Деновиве, од конгресот на СДСМ, и посебно по изборот на новите партиски функционери, ВМРО ДПМНЕ што директно, што преку свои потврдено блиски медиуми врши непримерен притисок во јавноста во обид за оценување на новоизбраните функционери на СДСМ.

Денеска осамна нападот на новата потпртседателка на партијата, проф. д-р Ана Чупеска. ВМРО ДПМНЕ на својата веб страна објави обвинување во кое наведува дека еминентната професорка некогаш некаде рекла или напишала дека „новинари треба да одат во затвор“ .

Нова побара појаснување од проф. Чупеска за тоа дали, кога и каде тоа го изговорила или напишала и доколку тоа не е точно што мисли кои се мотивите за овој атак од страна на ВМРО ДПМНЕ.

-Се разбира дека не. Тоа се измислици на ВМРО. Тие имаат за цел да ме демотивираат во мојата намера да се борам со дезинформациите кои ги пласираат неуморно. Впрочем, ако имаат некаков доказ за тоа што го тврдат нека го приложат кон таа очајна пракса да ја извртуваат стварноста . Им честитам на тоа што се најдобриот и учебнички пример на проблем од пост-вистината, која го уништува нашето општество. Секако, им порачувам, да се извинат пред граѓаните за сите новинари што ги апсеа; и на нивните семејства; но и на оние кои беа жртви на масовните злоупотреби на човековите права, вели Ана Чупеска за НоваТВ.

Извор: НоваТВ

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Мицкоски од уста не ме вади, нема ниту едно дело па затоа мора да плука

ДЕСК

Филипче од Ѓорче Петров: Ја снема гордоста само после една и пол година власт на Мицкоски и неговата банда

ДЕСК

Филипче од Ѓорче Петров: Коки е човек од народот, направи повеќе за Ѓорче од актуелниот градоначалник на ДПМНЕ

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.