26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Николова: ВМРО-ДПМНЕ одби амандман на СДСМ за намалување на загадувањето во прилепско

СДСМ поднесе амандман со кој бара средства за изградба на речно корито на нерегулирани водни текови на градската река во Прилеп. Ова подразбира проектирање и изградба на канал со уредно поплочено корито и заштитен ѕид на реченото корито, од местото Маркова чешма до местото Жабино мало, како и уреден кеј со зелени парковски содржини, патеки, и урбана опрема, рече пратеничката на СДСМ, Даниела Николова, на комисијата за финансирање на буџет.

Таа истакна дека, ова ќе биде придобивка за граѓаните од Прилеп, бидејќи со тоа ќе се намали загадувањето во градот, а и граѓаните ќе имаат парк и површна каде што ќе можат да се одморот и да се рекреираат.

Заменик министерот за финансии и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, го одбија и овој амандман на СДСМ.