14. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Бочварски: ДПМНЕ одби уште еден амандман на СДСМ, да се обезбедат пари за времена депонија во Кочани

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ одбија уште еден амандман на СДСМ, со кој се бараше да се обезбедат средства за нова времена депонија во општина Кочани. Оваа депонија треба да функционира додека да се реши проблемот со регионалната депонија, рече пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски, на комисијата за финансирање на буџет.

– Бараме финансиските средства да бидат обезбедени уште веднаш, во месец јануари 20205 година, со цел дислокација на постоечката депонија којашто ја има општината во моментов и која направи сериозно загадување на Кочани и регионот, рече Бочварски.

Тој потенцираше дека новата времена депонија во однос на градежните работи не бара големи градежни зафати, освен да се одреди локација меѓу општината Кочани и Министерството за животна средина и заедно со Јавното претпријатие во Кочани, за да се најде најповолна локација.

– Треба само да е направи оградување на локацијата, да биде погодна во делот на транспортот и да биде над градот, за да не се спушта чадот, мирисот и сметот и да се загадува општина Кочани, рече Бочварски.