Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ биле и ќе останат политички кукавици

Претседателот на СДСМ Венко Филипче во денешниот говор на Конгресот зборуваше и за дејствувањето на ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека се прогласуваат за големи „Европејци“, нивните дела говорат спротивно. Македонија е заглавена на патот кон ЕУ поради недостигот од акција на оваа влада. Наместо да ги продолжат преговорите, блокираат клучни реформи и ја користат европската перспектива за дневно-политички поени. Да не заборавиме дека истите овие луѓе, кога беа во опозиција, направија сѐ за да ги блокираат договорите со Грција и Бугарија, договори што отворија врата за НАТО и ЕУ. Тие блокади ја чинеа Македонија години изгубен развој, а сега повторно го гледаме истиот деструктивен модел“ порача тој.

Филипче додаде дека ВМРО-ДПМНЕ постојано бега од преземање одговорност

„Тие се истите лицемери кои се себеси се нарекуваат „народни“, а никогаш немаат храброст да го подметнат грбот во клучните моменти за државата. Секогаш бегаат од одговорност и се кријат во своите комфорни зони. Биле и ќе останат политички кукавици.Но, граѓаните не се наивни. Точно ги читаат неискрените политичари кои ја освоија нивната доверба со веќе видените политички измами“ рече Филипче.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се излизга – Лефков фатен во обид да исфабрикува скандал со лажна фотографија

ДЕСК

Во Детска клиника донесено едноиполмесечно машко бебе од Скопје без знаци на живот

ДЕСК

Словенечки пожарникари пристигнаа за помош во гаснење на шумските пожари во Македонија

C +