Centar.mk
СВЕТ

Шолц е подготвен да побара гласање за доверба пред Божиќ

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека е подготвен да побара гласање за доверба пред Божиќ.

Владејачката коалиција во земјата се распадна пред неколку дена откако Шолц го отпушти министерот за финансии Кристијан Линднер. Канцеларот тогаш рече дека ќе побара поддршка од Бундестагот во средината на јануари, а доколку не ја добие, во март ќе се одржат предвремени избори.

Во интервју за телевизијата Аерде во неделата, Шолц рече дека нема да биде проблем гласањето за доверба да биде пред божиќните празници доколку главните партии се договорат за тоа. И покрај политичката криза, канцеларoт изрази уверување дека е можно да се добие уште еден мандат за формирање на нов кабинет./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Германија испраќа војници на истокот на Европа

C +

Експлозии во Крим и руски енергетски објекти за време на украински напад со дронови

C +

Најмалку 10 убиени во пукање на плажата Бонди во Сиднеј

C +
error: Соддржината е заштитена.