22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

„Битола ќе добие „памп трак” полигон за велосипеди во Градскиот парк“

На површина од 900 м² Општина Битола ја започна изведбата на „Памп трак” полигонот за велосипеди на локација во градскиот парк, во близина на „Ќумурното” игралиште.

Оваа адреналинската патека вклучува континуирана патека од нагорнини и надолнини околу кои возачите можат да возат велосипеди, скејтборди, ролери и друго. Патеката ќе понуди повеќе начини на забавно возење во безбедна и контролината средина.

Изведувач на проектот е фирмата ДТУ Јумак ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, а вкупната вредност на набавката е 5.216.343,00 денари со вклучен ДДВ, а средствата во целост се обезбедени од буџетот на Општина Битола.

Со изведбата на овој проект, покрај велосипедските патеки кои се веќе во изградба, Битола ќе добие уште една нова содржина за вљубениците во велосипедизмот. Општина Битола продолжува со континуираното вложување во спортско – рекреативните содржини, во интерес на граѓаните во нашиот град.

фото Општина Битола