24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Скриншот, Рацин.мк
МАКЕДОНИЈА

[Видео] Фуркан Салиу: Тошковски вети извинување ако се докаже дека не сум виновен, се докажа, а тој не се извини

Во април оваа година медиумската, а и целата македонска јавност, беше сведок на вознемирувачкото апсење на новинарот Фуркан Салиу, кога беше применета непотребна бруталност од страна полицијата. Откако беше приведен, против Салиу беше поднесена кривична пријава за напад врз службено лице и за поседување оружје. И по двете обвинувања судот го прогласи Салиу за невин.

Разговорот со него го правиме по повод Меѓународниот ден против неказнивоста за насилство против новинарите.

Разговорот со Фуркан Салиу го водеше Зоран Бојаровски, снимател Ангел Ангеловски.

Разговараме со колегата Фуркан Салиу во пресрет на 2 ноември, Светскиот ден на борбата против насилството врз новинарите. Во исто време потсетуваме дека Европската комисија во извештајот за напредокот на земјата, нотираше дека во Република Северна Македонија сѐ уште има насилство врз новинарите. Затоа тука е колегата Фуркан Салиу и го прашувам како се чувствува како некој што е „одговорен“ за оваа состојба, државата да даде отчет како се справува со насиството врз нивинарите?

Фуркан Салиу: Веројатно јас сум предавникот, затоа што секогаш во оваа професија не делат на патриоти и предавници. Но, среќа имаше и други граѓани што снимаа со мобилен и овој не помина како многу други случаи што ги памтите и памтиме од времето на груевизмот. Имавме техничка влада и започнаа заканите кон новинарите. На прес конференција му кажав на премиерот дека има закани од негов коалициски партнер, а тој не го сфати тоа за озбилно. Ми вели, безбедно е, не треба да се грижите.

Испадна дека не сме баш безбедни. На тоа укажував цело време, груевски си замина ама груевизмот тешко ќе го поразиме. И така испаѓа, затоа што не е проблемот што мене ми ставија лисици и ме однесоа во станица. Јас уште вечерта кажав дека јас знам што сум направил и ќе искочам невин и тоа се потврди со судските одлуки и со одлуката на обвинителството.

Проблемот е таа црна пропаганда што се водеше таа вечер против мене. Имаше вести дека мојот татко е уапсен, имаше вести дека е пронајдено големо количество оружје во мојата куќа и тоа беше проблем. Проблем е затоа што беше организирано од структурите на власта. Ние не сме глупави. Едноставно, тоа се гледа. Видете ги лицата што ја водеа таа пропаганда. За среќа реагираа и меѓународни институции, реагираа и меѓународни невладини организации. Сите адвокатски трошоци ми ги платија странски организации. Дури ми нудеа на два-три месеци да си заминам од државата. Ги одбив затоа што со бегање не се решава ништо. Но, ете, уште пред таа влада да стане политичка, остана една црна дамка.

Во межувреме заврши судскиот процес околу тоја случај. Кажи ни го исходот околу таа работа?

Судот одлучи дека мојот пиштол бил правилно чуван, соодветно чуван и ми го вратија. Мојот пиштол е сега дома. Што се однесува до кривичната пријава на МВР, таа е одбиена од Обвинителството. Вчера го добив документот и за жалење е што ги натераа, ги натераа зашто беа под команда тие полицисики служебници кои треба да те штитат тебе и мене, буквално да лажат. Сакав да ја платам прекршочната казна за да не влеземе во други судски процеси поради тиа полицајци затоа што тие се на плата таму и добиваат наредби. Меѓутоа, откако ги прочитав нивните изјави се премислив и ќе влеземе во судски спор и за тоа.

Значи одбиваш да ја платиш таа казна?

Нема да ја платам зашто има многу лаги таму. Двајца не обвинија дека попречуваме полициски службеници за тоа. Едниот беше тој младиот дечко за кој јас изреагирав и го извадив телефонот за да снимам зашто почнаа да го тепаат, а јас сум сигурен дека ништо не направи. И тоа се потврди, и тој е ослободен од обвинителството, сѐ што кажав уште таа вечер испадна точно. Меѓутоа има утредента еден дел кога министерот (Тошковски, н.з.) рече дека доколку инстотуциите докажат дека јас не сум направил ништо, тој ќе се извинел.

Седумнаесетти дена го нема на јаван настан. Имаше само две интервјуа на две национални телевизии и толку.

Тој не се извини, а во исто време ти рече дека ако се докаже твоја вина, ќе се откажеш од новинарството?

Уште вечерта јас реков дека ќе се откажам од новинарството. Што бара новинар што напаѓа полицајци во оваа професија. Оваа професија е јавна, исто како таа на еден политичар и не може ние да критикуваме за овие работи, а сами да ги правиме. Кажав, доколку се докаже дека јас сум нападнал полицаец, јас ќе се откажам од професијата. Ама јас го кажав тоа затоа што знаев што сум направил. Се знае што е напад на полицаец или попречување.

Значи зборот е збор и сега го чекаме зборот на министерот. Тој рече дека ќе се извини и чекаме да се извини, така?

Јас уште првиот ден откако ги добивме двата случаи, јас јавно кажав дека не е толку битно дали тоа ќе ми се извини на мене, на Фуркан Салиу. Проблемот е што имаме министер за внатрешни работи што е решен сѐ да направи ако тоа партијата го побара. Знаете кога дојде до моето апсење, на два дена откако ја објавивме шемата на ВМРО-ДПМНЕ за влијание на изборите, што беше видлива практика. Треба да се слеп тоа да го негираш. Пробаа со одредени пристисоци и закани со тужби, им вратив дека нема да се повлечам и нема да се извинам и се случи тоа што се случи.

Не тужеа, остана така?

Пуштија предупредување пред тужба, не знам до каде се со процесот, ама јас сум спремен и тоа да го бранам на суд.

Во тој случај на бруталната постапка на полицијата и реакцијата на министерот, ти имаш правна сатисфакција. Судот одлучи во твоја полза, но останува оваа норална сатисфакција којашто ја очекуваш да ја признаат. Ова интервју ќе го емтуваме на Светскиот ден против насилството врз новинарите, може ли една порака од тебе по повод тој ден?

Во врска со извинувањето, да не кажам сега збор ќе му простиме, да, јавноста можеби ќе му прости бидејќи беше нов министер на таа позиција. Но, јас уште вечерта кажав дека помина времето кога не само новинари, туку и обични луѓе се судеа на прес конференции на ВМРО-ДПМНЕ, а се знае како се постапува. Ако имаш случај, ако имаш доказ, го носиш до обвинителството и тие покренуцаат обвинение или не покренуваат, како што беше во мојот случај. Но, јас тогаш бев осуден на прес конференции и на социјалните мрежи. Така да, треба да се биде многу претпазлив во вакви случаи, посебно што тоа го прави адвокат. Тој се дрзна следниот ден да го протолкува и законот за оружје и да ми кажува како и каде треба да се чува, а судот одлучи дека оружјето сум го чувал како што треба.

Едноставно, мојата порака е дека треба да биде повнимателен зашто не еадвокат на една странка, туку е одговорен за безбедноста на сите нас. Овие работи влијаат ние како граѓани да не веруваме во полицијата, а знаеме дека тие што се на терен, вистинските полицајци и професионалци ја вршат работата на терен добро. Со некои од колегите на тие полицајци, ден пред да ме уапсат, трчавме по ризичен криминалец во Танушевци и немаше ников пробле. Следниот ден истите луѓе ме апсат. Се гледаше на нивните дека не им е сѐ едно. Наредби се наредби, но ваквото политизирање на институциите треба да престане еднаш засекогаш. Ако зборуваме јавно за тоа цело време треба да го наоравиме да биде така и во пракза, ама вака не.

На крајот, сакам да те прашам да не остане дилема во јавноста, зошто имаш оружје?

Јас веќе сум го објаснил тоа сто пати, јас ќе ви ги отворам тие податоци, јас одам во Камник често за да пукам. Тогаш (кога се случи „инцидентот“, н.з.) беше викенд, имав слободно време и одам (во Камник, н.з.). А колата е приватна сопственост и не е забрането да се чува во гепек расклопен пиштол и така беше. Ние треба да поставиме прашање како ја отворија мојата кола без мое присуство. Се вадеа дека е преглед, а беше претрес. Истите видеа што полицијата ги зеде од приватен објект, ги зедовме и ние. Фалат две минути кога они ја отвораат колата, но заборавиле да избришат еден дел, како полицаец ја вози мојата кола. Е, сега, дали е тоа претрес или преглед, затоа што министерот инситираше дека е преглед. Меѓутоа еве, се расчисти целиот случај, има судска одлука за тоа. Ако јас не го знам законот, веројатно судијата што одлучуваше во таа постапка, веројатно го знае. Мислам дека расчистивме, само остана уште еден дел, дали министерот Тошковски е министер за внатрешни работи или е министер на ВМРО во МВР.

Ти благодарам многу, ти посакувам многу успех понатаму и безбедна работа.

Благодарам.

извор Рацин.мк