22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи предлогот – функционерите да имаат само македонско државјанство

Прес-конференција, Менде Илиевски од СДСМ:

Скандалот со Сања Божиновска која неколкупати ги излажа граѓаните за нејзиното бугарско државјанство како и за вистинските мотиви да го побара истото, го покажува лицемерието на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Додека тој вели дека е против Бугарите во Уставот, него очигледно не му смета бугаризација во Владата.

Ставот на Христијан Мицкоски дека има поголеми и помали Македонци е омаловажувачки. Фактот дека Сања Божиновска поседува бугарски пасош е „поголема Македонка“ од тие кои останале верни на својот македонски идентитет е навреда за сите кои не извадиле бугарски пасоши.

Лажниот патриотизам треба да биде заменет со лојалност кон татковината и искреност пред граѓаните.

Македонските граѓани заслужуваат лидери кои немаат резервна татковина, туку имаат само една држава и се лојални кон Република Северна Македонија.

Затоа СДСМ ќе поднесе иницијативата за законски измени во Собранието со кои ќе се постави јасен услов: премиерот, вицепремиерите, министрите, пратениците и претседателот на државата да бидат лица кои имаат само македонско државјанство.
Овие измени ќе бараме да важат веднаш и за актуелниот состав на Владата.

Лојалноста кон народот и кон иднината на нашата земја е основен предуслов за секој кој бара доверба и ја има одговорноста да управува со државата.

Нашиот став е јасен: политичарите мора да бидат лојални на народот и државата.

Го повикуваме Христијан Мицкоски и ВРМО-ДПМНЕ да ја прифатат оваа иницијатива со која ќе ги осигуриме институции дека ќе ги водат луѓе кои искрено стојат зад оваа држава, и луѓе кои не се под влијание на други држави.