Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Коридорите на Бехтел и Енка станаа историски значајни а Мицкоски и Николовски историски лажговци

Одговор на новинарски прашања, Менде Илиевски од СДСМ:

Денеска ги видовме Мицкоски и Николовски колку се горди на реализација на проектот за патот Прилеп-Битола, дел од Коридорот 10Д.

Граѓаните секојдневно гледаат како Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги промовираат и се фалат со проектите на СДСМ за коридорите кои ги напаѓаа и велеа дека се криминални и штетни.

Од историски криминал, коридорите на Бехтел и Енка станаа историски значајни проекти, слепите тунели кон Бугарија наеднаш прогледаа, а наводните криминални зделки сега се добри за ВМРО-ДПМНЕ.
Власта нема ниту еден проект нејзин започнат, ниту пак реализиран, освен што се фали со проектите на СДСМ ги погази сите свои изјави и ветувања пред граѓаните.
Коридорите на Бехтел и Енка станаа историски значајни а Мицкоски и Николовски станаа историски лажговци.

Можеби ќе ве интересира

Дафина Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски е човек кој не верува на институциите

ДЕСК

БРИСЕЛ БАРА ВИДЛИВИ РЕЗУЛТАТИ – Рокас го предаде извештајот на ЕК и предупреди на слабостите во борбата против корупцијата

ДЕСК

ДВАЕСЕТ И ПЕТ ПРИЈАВИ ЗА ПЕТ ДЕНА – Полицијата привела 14 лица по случаи на семејно насилство

ДЕСК