10. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

СЗО го активира Глобалниот корпус за итни случаи како одговор на мајмунските сипаници

Светската здравствена организација (СЗО) и нејзините партнери за прв пат го активираа Глобалниот здравствен корпус за итни случаи (GHEC) за поддршка на земјите кои се соочуваат со епидемии на мајмунски сипаници (mpox).

GHEC беше основан од СЗО во 2023 година, откако одговорот на пандемијата „Ковид-19“ ја откри потребата да се засилат напорите на постоечките мрежи за да се обезбеди подобра координирана поддршка на земјите, се наведува на веб-страницата на СЗО.

GHEC е дизајниран да обедини професионалци кои ќе го зајакнат одговорот на здравствените итни случаи, како и платформа за соработка меѓу земјите и мрежи за здравствени итни случаи преку кои е можно побрзо распоредување на експерти и мрежни технички лидери./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Речиси 1.900 камиони со хуманитарна помош пристигнаа во Газа

C +

Конструктивен беше состанокот на советниците за безбедност од Украина и нејзините партнери, вели Зеленски

C +

Макрон: Иднината на Украина не може да се одлучи без Украинците

C +