14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

ДОМ: Владата да не го одолговлекува чистењето на линданот!

ДОМ – Демократска обнова на Македонија изразува загриженост за пролонгирањето на расчистувањето на малата депонија со НСН изомери во поранешната фабрика ОХИС АД.

-За истата имаше изјави од министрите за животна средина дека ќе се расчисти до почетокот на 2023 година. Дополнително обезбедените средства на 27-та седница (23.10.2024) на Владата на РС Македонија во висина од 27.453.000 денари (400.000 евра) се минорни за целосно расчистување. УНОПС како имплементациона агенција која имаше обврска да мобилизира дополнителни средства за комплетна ремедијација на малата депонија досега не обезбеди средства и ДОМ- Демократска обнова на Македонија очекува Владата на РС Македонија во Буџетот за 2025 година да придвиди средства за конечно расчистување на малата депонија како би се намалило влијанието врз здравјето на луѓето и животната средина во Скопје, соопшти ДОМ.

Можеби ќе ве интересира

Пронајдено починато машко лице на ридот над германските гробишта во Битола

ДЕСК

Исчезнаа две деца во Скопје – едно на 13 годишна, друго на 16 годишна возраст

ДЕСК

СДСМ: Судир на интереси во ОИК Зелениково со цела фамилија на кандидатот за градоначалник на ДПМНЕ, ДИК да ги разреши

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.