20. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Државниот секретар на МВР, Сашо Петрушевски оствари билатерална средба со генералниот директор на ИЦМПД, г.Михаел Шпенделегер

Денеска (22.10.2024) на маргините на овогодинешната Виенска конференција за миграција, Државниот секретар на МВР Сашо Петрушевски се сретна со генералниот директор на Меѓународниот центар за развој на миграциски политики – ИЦМПД, г.Михаел Шпенделегер.

Во рамки на средбата на државниот секретар г. Петрушевски, како член на Управната група на ИЦМПД, му беа претставени актуелните состојби и предизвици во насока на управување со миграцијата и миграциските политики, безбедноста и соработката во регионот.

Воедно беа разгледани и идните планови за понатамошна соработка во насока на обезбедување на континуитет во работата на Министерството за внатрешни работи со организацијата.

Можеби ќе ве интересира

Во Скопје и околината: Пронајдени две мртви лица, едниот на 39-годишна возраст другиот на 50 – наредена обдукција

ДЕСК

Утре, сончево и топло време со мала локална облачност

C +

ДОМ: Новиот нацрт-закон за Рударство е директна закана за здравјето на луѓето

C +