17. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИС

Халкбанк продолжува со својата посветеност на развојот на културната сцена во Македонија

Како дел од својата мисија да биде активен поддржувач на културата во Македонија, Халкбанк постојано стои зад најразлични настани кои придонесуваат за нејзин развој. Од културни проекти до концерти кои се оганизираат под нејзино покровителство или со нејзина помош, банката на овој начин придонесува за збогатување на културната сцена и поттикнување на уметничкиот израз потврдувајќи ја својата улога на поддржувач на културата во земјата.

Во рамките на ваквата поддршка, оваа есен, банката е спонзор на концертот на музичката дива Калиопи, кој ќе се одржи на 19 октомври во Арена Борис Трајковски. За вљубениците во музиката и во прекрасниот вокал на Калиопи, Халкбанк во пресрет на концертот, организира интересен предизвик кој дава шанса да се освојат ВИП карти за концертот и лична средба со Калиопи зад сцената.

Со креирање на своја верзија на една од нејзините најпознати песни, „Месечина“, учесниците во предизвикот, имаат можност да се забавуваат, да се присетат на најголемите нејзини хитови и да уживаат во уникатно концертно искуство, што вклучува ВИП карта и средба со пејачката зад сцената.

Со континуирана поддршка на културните настани, Халкбанк покажува дека е повеќе од финансиски партнер – таа е вистински соработник на уметниците и креаторите на културата, секогаш стремејќи се да ги оплемени животите на луѓето во заедницата.