12. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Screenshot
МАКЕДОНИЈАвест

Апсења низ Липковскo

Претрес во липковско, пронајдени дрога и оружје, приведени две лица

На 11.10.2024, Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал во заедничка и координирана акција со Специјалната антитерористичка единица Тигар и СВР Куманово ги лишија од слобода Н.А.(34) и А.М.(37), двајцата од с.Никуштак, општина Липково. При претрес во нивните домови и други простории, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени два пиштоли „Црвена Застава“ со 28 куршуми калибар 7,62 мм, еден автоматски пиштол „Шкорпион“, едно пакување со марихуана и едно патничко возило „мерцедес“ без регистарски ознаки.

Лицата биле приведени во полициска станица и против нив е поднесена соодветна кривична пријава по член 396 став 2 од Кривичниот законик, а од судија на претходна постапка на А.М. му е одредена мерка притвор, додека на Н.А. му е одредена мерка претпазливост.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со нови најави, следува пад на температурите – Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Митовски: Ќе ставиме крај на дивите депонии во Јурумлери, на нивно место ќе никнат паркови и игралишта

ДЕСК

СДСМ: Црната кампања на ДПМНЕ прерасна во паника– со лаги се обидуваат да го прикријат хаосот во енергетиката и во РЕК

C +
error: Соддржината е заштитена.