9. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

(Видео) Огромна експлозија во Русија: погоден магацин со оружје од Северна Кореја

Во Брјанск во Русија, ноќта на 9 октомври, е нападнат арсенал во кој имало оружје. Во складиштето имало муниција од Северна Кореја и наведувани воздушни бомби.

Андриј Коваленко, шеф на Центарот за сузбивање на дезинформациите, ова го објави преку „Телеграм“.

Според него, во близина на градот Карачев во областа Брјанск погоден е 67. арсенал на ГРАУ (Главната ракетна и артилериска дирекција на Министерството за одбрана на Русија), најблиску до линијата на фронтот, кој се наоѓа на 114 километри од украинската граница.

Коваленко изјави дека складиштето содржело муниција, вклучително и онаа од Северна Кореја, како и воздушни бомби (ПАБ), од кои некои биле складирани на отворено./Извор:Makfax