4. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
РЕГИОН

Зеленски и Вучиќ денеска пристигнуваат во Дубровник, огромни безбедносни мерки

Денеска попладне, во Дубровник, се одржува самитот Украина – Југоисточна Европа. По тој повод, украинскиот претседател Володимир Зеленски првпат доаѓа во Хрватска. Заедно со него и со хрватскиот премиер беше најавено доаѓањето и на претседателот на Црна Гора, претседателот на Косово и на премиерите на Северна Македонија, Грција, Бугарија и на Албанија.

Се очекува и доаѓањето на српскиот претседател, Александар Вучиќ.

Учесниците на самитот треба да ја прифатат заедничката дубровничка декларација за чиј текст сè уште се преговара, но таа да оди по патот на претходните декларации од самитите во Атина и Тирана.

Главните точки на декларацијата, јавува ХРТ, треба да вклучуваат осуда на руската агресија, поддршка за територијалниот интегритет на Украина, вклучително и полуостровот Крим, поддршка за мировниот план на претседателот Зеленски, барање за процесирање на воените злосторства во Украина, поддршка за европската интеграција на Киев и членството во НАТО кога ќе се стекнат услови за тоа и поддршка за енергетска безбедност и обнова на Украина по завршувањето на војната./Извор:Makfax