25. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Орбан се нуди како посредник додека унгарскиот амбасадор гласал да се раздвојат Албанија и Македонија

-Со големо чудење и разочараност СДСМ ја прими информацијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој се нуди како посредник во односите меѓу Македонија и Бугарија. Додека тој од Охрид порачува едно, во реалноста прави сосем друго. Унгарскиот амбасадор во ЕУ гласал за раздвојување на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ што е практично може да значи и крај за шансите на државата да продолжи кон унијата, велат од СДСМ.

„Ако Орбан и Мицкоски се стратешки партнери а пријателството меѓу две земји е вистинско, тогаш требаше да го спречи раздвојувањето и да понуди решение. Унгарија требаше да го искористи својот авторитет како земја претседавач да најде решение наместо во рамки на нивното претседателство да се случи раздвојувањето.

Мицкоски освен очигледен интерес околу кредитот од Унгарија и веројатно други бизнис интереси, не успеал од Орбан да обезбеди никаква поддршка за ништо друго во интерес на граѓаните и иднината на државата.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО и ВИДЕО) Светна Телекомуникациската кула веднаш до Милениумскиот крст – повисока е од него, а ќе има и ресторан кој ќе врти 360 степени за 1 час

ДЕСК

Температурите повторно одат нагоре: Синоптичарите објавија временска прогноза – пеколно жешко и до 37°C

ДЕСК

Работник – српски државјанин повреден при градежни активности во Гевгелија

ДЕСК