7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
РЕГИОН

Сопругата на Бора Чорба се прости од рокерот со трогателни зборови: „Твоето срце ќе чука со нас засекогаш“

Легендата на рокот, Бора Ѓорѓевиќ, почина на 72 години, на 4 септември, а последен поздрав преку некролог во весник денеска му испрати сопругата Дубравка и другите членови на семејството.

Во Чачак денеска, 6 септември, беше прогласен Ден на жалост, а во Центарот за култура беше отворена книга на жалост.

„Погребот ќе се изврши во сабота на 07.09.2024 година во 14.30 часот на градските гробишта во Чачак. Погребот е во 14 часот. Сочувство ќе се прима од 13 часот. Драг наш, твоето срце ќе чука засекогаш со нас. Твоите песни засекогаш ќе бидат дел од нас… Ни подари грст спомени, низ кои ќе те паметиме“, пишува во последниот поздрав на сопругата на Бора и семејството./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Нови строги санкции во Грција: Дури и странските возачи ќе се соочат со глоби до 4.000 евра, одземање дозвола и затворски казни

ДЕСК

„Многу е подобар“ – Вучиќ зборуваше за здравствената состојба на министерот кој доби удар во емисија во живо

C +

Одземен претседателскиот мандат на Милорад Додик: тој веднаш одговори

C +