Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Во пресрет на зимата, ЕК обезбедува дополнителна помош за Украина од 40 милиони евра

Европската комисија денеска соопшти дека ќе обезбеди дополнителна хуманитарна помош за Украина во износ од 40 милиони евра за да може земјата да се подготви за претстојната зима.

„Со немилосрдните напади врз енергетската инфраструктура на Украина, Комисијата ги зголемува хуманитарните средства за ранливите Украинци со дополнителни 40 милиони евра пред почетокот на зимата“, се наведува во соопштението на Комисијата.

Како што се објаснува, 35 милиони евра се наменети за хуманитарни проекти во Украина, а пет милиони евра за поддршка на украинските бегалци и нивните заедници во Молдавија, пренесуваат светските агенции./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Човекот кој пукаше на вечерата на Трамп изведен на суд

C +

Рубио ја отфрли понудата на Иран за Ормускиот теснец, Русија нуди посредување во конфликтот

C +

Американски функционер: На Трамп не му се допаѓа предлогот на Иран за завршување на војната

C +