18. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Уапсен возач на автобус кај Романовце

СООПШТЕНИЕ НА МВР:

Денеска (30.08.2024) околу 11.00 часот на наплатната станица Романовце во правец кон Скопје, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запрен е автобус со тетовски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Тетово, управуван од А.С. од Тетово. За време на вршењето на контролата и прегледот врз автобусот, А.С. на полицискиот службеник му понудил пари со цел да не продолжи прегледот и контролата, по што А.С. е веднаш лишен од слобода поради основи на сомневање за сторено кривично дело по член 358 од КЗ и во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Од страна на полициски службеници на МЕКМ била продолжена контролата врз возилото, при што е утврдено дека возачот користи тахографска картичка, која што не е во негова сопственост. За истото е известен Државниот инспекторат за транспорт, од чија страна се констатирани прекршоци по член 23 став 5, а казниво по член 55 став и член 60 став 1 од законот за работно време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во истиот, за што е предвидена глоба во износ од 7500 евра.

Можеби ќе ве интересира

Сите гласови од немоќните, болните и затворениците се запечатени во посебни коверти и гласачка кутија, истата се отпечатува дури во недела во 19 часот кога ќе бидат затворени гласачките места низ Републиката

ДЕСК

Утре се слави Светиот апостол Тома

ДЕСК

Закани кон членови на Избирачки одбори и вработени од кандидат за градоначалник – обвинува политичка партија

ДЕСК