1. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Средба на заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени со Жан Пол Диспанс, полициско аташе на Француската Република

Денеска (22.08.2024), заменик министерот за внатрешни работи д-р Астрит Исени оствари работна средба со Жан Пол Диспанс, аташе за внатрешни работи на Француската Република во Скопје.

Заменик министерот Исени, на самиот почеток од средбата ја потенцираше одличната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи на Француска Република која се одвива во духот на традиционално добрите пријателски односи меѓу двете земји.

Во рамки на билатералната соработка, д-р Исени разговараше и за интензивирање на обуките што ги нуди оваа амбасада, за можностите за нивна реализација во рамките на ЕУ, како и посебен фокус беше ставен на реализација на заеднички проекти во борбата против криминалот, трговијата со луѓе и борбата против корупцијата.

Соговорниците разговараа за можноста за изучување на францускиот јазик за вработените во Министерството за внатрешни работи што ќе влијае брз понатамошно продлабочување на соработката. Франција е важна земја на меѓународно и европско ниво, наш партнер и взаемната соработка е многу значајна за нашата земја. На крајот, присутните се согласија дека заедничката соработка, со посредство на Амбасадата на Француската Република во Скопје, е на исклучително високо ниво, со тенденција за развивање на истата и во иднина.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски вели дека во споредба плата-трошоци за живот, подобри сме од Грција, Португалија, Кипар, Унгарија…

ДЕСК

Голема полициска акција вечерва кај патарината кон Куманово, сообраќајот во колапс

ДЕСК

СВЕЖО И НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ И СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ, ОД ВТОРНИК ПРЕСВРТ – Метеоцентар со неколкудневна прогноза

ДЕСК