25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Приведен крадец во Велес, одземеното пронајдено и вратено на сопственикот, следува пријава

На 21.08.2024 во 20.00 часот, полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Велес го лишиле од слобода Е.А.(33) од Велес. Тој се сомничи дека од со употреба на сила и алат влегол во домот на 84 – годишен велешанец и одзел предмети.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а Е.А. бил приведен во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.