24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Али Ахмети се сретна со амбасадорот на Франција: Легитимитетот сериозно го нарушува моноетничката власт, ДУИ не дестабилизира

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г. Али Ахмети денеска во партиското седиште во Тетово се сретна со амбасадорот на Франција во земјава, г. Кирил Баумгартнер.

Соговорниците разговараа за политичките случувања во земјата и регионот, евроинтеграциите и уставните измени, духот на Охридскиот договор и легитимитетот.

Претседателот Ахмети ја повтори големата поддршка на Демократската Унија за Интеграција за уставните измени во согласност со Договорот за добрососедство за вклучување на бугарската заедница во Уставот, при што ќе се деблокира патот кон Европската Унија, но изрази и треба да се почитува уставното име и Договорот од Преспа со Грција.

Господинот Ахмети зборуваше за духот на Охридскиот договор, гарантиран од Европската Унија и Соединетите Американски Држави, кој сериозно го нарушува власта со моноетнички легитимитет.

Легитимноста произлегува од изборите на кои се изразува демократската волја на народот да избере свои претставници, особено во мултиетничките општества каде партиите се организираат на етничка основа.

Губитниците на претседателските и парламентарните избори не се легитимни претставници на албанскиот народ, туку се слуги на ВМРО и го уништуваат секое достигнување во насока на еднаквоста.

Во однос на безбедносната состојба, г. Ахмети предупреди за големата владина измама да исценира дестабилизирачки сценарија за дефокусирање на јавноста од големите неуспеси и безбројните и секојдневни скандали на неспособната власт. ДУИ не е дел од никакво дестабилизирачко сценарио и отфрла какви било владини конспиративни тенденции.