Силно невреме проследено со грмежи, град и врнежи од дожд ги погоди северните и централните делови на Истра, а според првичните информации, нема поголема материјална штета.
За кус временски период температурата на воздухот во тој дел на Истра се намали повеќе од 10 степени.
Температурите на северот на Истра при ова краткотрајно влошување на времето паднаа од 35 на 17 степени, објави истарскиот метеоролошки портал „Истрамет“.
Ова невреме не предизвика материјална штета./Извор:Makfax