Нов земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди Хрватска, јавува ЕМСЦ.
Земјотресот е регистриран во близина на островот Млет, на 30 километри од Метковиќ, на длабочина од шест километри.
Најмалку седум земјотреси синоќа ја погодија Хрватска. Првиот земјотрес со јачина од 2,9 степена според Рихтеровата скала ја погоди Хрватска синоќа во 22.39 часот, а потоа следуваа уште најмалку шест земјотреси.
Потоа следуваа серија земјотреси – 2,2 степена според Рихтеровата скала во 5.21 часот, а потоа најсилниот земјотрес од 4,2 степена според Рихтеровата скала е забележан само 12 минути подоцна – во 5.33 часот.
По тоа, Хрватска се стресе уште најмалку трипати, со земјотреси со јачина од 2,5 степена според Рихтеровата скала, 2,4 степена според Рихтеровата скала и 2,3 степена според Рихтеровата скала, кој е регистриран во 6.07 часот.
Засега нема информации за материјална штета./Извор:Makfax