27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Уапсен уште еден тинејџер, кој планирал напад на концертот на Тејлор Свифт

Уапсен е уште еден млад човек (18), кој е осомничен дека учествувал во планирањето терористички напад на еден од концертите на Тејлор Свифт во Виена, дознава „Кронен цајтунг“ од судските кругови.

Според австрискиот весник, обвиненијата се сè само не безопасни, а властите го истражуваат осомничениот за обид за масовно убиство.

Полицијата го соопшти идентитетот на главниот осомничен

Младиот човек наводно бил запознаен со плановите на уапсениот 19-годишен Беран А. од Терниц во Долна Австрија.

Уапсениот 19-годишник, чии родители по потекло се од Македонија, дал отказ на работа на 25 јули со зборовите: „Имам големи планови за иднината“.

Тој веќе бил радикализиран, рекоа на прес-конференција во Виена и открија дека терористите имале конкретен план за нападот и дека тој требало да се случи или вечерва или утре.

„Деветнаесетгодишникот сакаше да предизвика крвопролевање пред стадионот со ножеви, мачети и автомобил и на крајот да се разнесе. Бил во контакт со двајца осомничени помагачи, од кои едниот работел на обезбедување на концертот“, рекоа во соопштението за медиумите.

Уапсени се 17-годишник и 15-годишник

Второто уапсено лице е 17-годишник. Тој веќе им бил познат на безбедносните служби. Пред неколку дена се вработил во компанија која на концертот требало да дава услуги, како што се снабдување со храна и пијалаци. Според неговиот адвокат, тој нема никаква врска со тероризам или планирање напади. Наводно станува збор за тинејџер со хрватско-турско потекло.

Осомничен е и петнаесетгодишен Австриец со турско потекло./Извор:Makfax