Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Центар.мк
БИЗНИСвест

Николовски на состанок со Петрова – Жестока борба со сивата економија, на радар фирмите што избегнуваат данок

Работиме на унапредување на условите за водење бизнис, како и на жестока борба против сивата економија, при што сме фокусирани на системски мерки и активности, меѓу коишто е и понатамошна интеграција на системите на Царинската управа со системите на Управата за јавни приходи. Денеска директорот на Царинска управа, Бобан Николовски и директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова одржаа состанок на кој беше истакната потребата од поголема координација, размена на податоци и поврзување на системите се со цел сузбивање на сивата економија.

„Фирмите кои работат во рамките на неформалната економија стравуваат да влезат во радарот на царинските и даночните служби, а наша задача е да ги сузбиеме ваквите појави. На овој начин овозможуваме подобри услови за фер конкуренција, поголеми инвестиции во производство и крајно повеќе приходи во Буџетот“, истакна директорот на Царинска управа, Бобан Николовски.

На состанокот воедно се говореше за искуствата кои ги има Царина во имплементација на податочен склад и анализа на ризик.

Можеби ќе ве интересира

Лоша вест: Поскапуваат сите горива – Падна одлука во РКЕ

ДЕСК

„Луѓето треба да се пензионираат подоцна за да излезат од кризата“

ДЕСК

Бројот на работниците во индустријата е намален за 2.8 % во септември 2025 во однос на септември 2024 година

ДЕСК