Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Приведено лице од прилепско поради предизвикување пожар

На 05.08.2024 во с.Штавица, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп и од Полициската станица за граничен надзор Старавина при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода Г.К.(54) од с.Штавица поради сомнение дека предизвикал пожар, соопшти МВР.

-Околу 09 часот тој запалил сува трева во дворното место од неговата куќа, по што пожарот се проширил на соседните парцели. Г.К. бил затекнат од полициски службеници при гаснење на пожарот и во службен разговор го признал делото.

Пожарот бил изгаснат од полициските службеници, а повредени лица нема. Увид бил извршен, а лицето било приведено во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, информира МВР.

Можеби ќе ве интересира

30 години членство во Советот на Европа – средба на претседателот Гаши и претседателот на ПССЕ, Теодорос Русопулос

ДЕСК

За вакцинација против сезонски грип досега пријавени над 76 илјади граѓани – започна и вакцинацијата со комерцијални вакцини во Центарот за јавно здравје – Скопје

ДЕСК

Приведени криумчари на мигранти во гевгелиско, следува соодветна пријава

ДЕСК