17. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk (c) 2024
МАКЕДОНИЈАвест

МНР за почитувањето на Договорот од Преспа: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

Интегрален текст од соопштението на МНР:

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во целост ги почитува преземените обврски од меѓународните договори чиј потписник е Република Северна Македонија, вклучително и од Договорот од Преспа, но потсетуваме дека неговата имплементација е обврска и за двете страни.

Воедно ја реафирмираме подготвеноста за искористување на сите можности кои ги нуди Договорот од Преспа за натамошно јакнење на билатералната соработка во сите области од заемен интерес.

Во целост остануваме посветени на спроведување на европскиот интегративен процес преку доследно заокружување и надградување на започнатите реформи за членството во ЕУ, како наш врвен надворешно-политички приоритет.

Можеби ќе ве интересира

“ВМРО-ДПМНЕ ја губи поддршката од граѓаните”, тврди Илиевски

ДЕСК

ЕУ ја одобри втората транша средства за Северна Македонија во рамките на Инструментот за реформи и раст

ДЕСК

Комненовиќ: Реализиравме 130 проекти, барам доверба за уште еден мандат да продолжиме со исто темпо

ДЕСК