Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

“ВМРО-ДПМНЕ ја губи поддршката од граѓаните”, тврди Илиевски

Во гостување на ТВ 24, во дебатната емисија „Анализа“, потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски, остро го критикуваше владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, посочувајќи дека власта ја губи поддршката затоа што граѓаните живеат се потешко а власта со нејзината неспособност ја влече државата надолу.

„Во Македонија не се живее подобро. Потрошувачката кошничка расте, субвенциите за земјоделците не се исплаќаат навреме, а ДДВ-то не се враќа навремено на фирмите. Македонија е презадолжена, економијата стагнира, а граѓаните живеат посиромашно. И тоа се зарди лошто валдеење на ВМРО-ДПМНЕ, порача Илевски.

Тој додаде: „ВМРО-ДПМНЕ, за првпат во последните години, веќе изгуби над 100.000 гласа уште во првата година од мандатот на Христијан Мицкоски.“

Во врска со локалните избори, Илиевки истакна дека СДСМ се движи напред со силна енергија и теренска поддршка.

„На терен се гледа нова енергија, нови лица и позитивна кампања. Во сите општини се чувствува враќањето на социјалдемократијата, како што тоа јасно се виде и во Битола“, рече тој.
Илиевски нагласи дека СДСМ има добри, чесни и кредибилни кандидати за градоначалници и советници. Тој ја истакна понудата на СДСМ како сериозна и чесна: „Имаме сериозна платформа и кандидати кои ќе донесат позитивни изненадувања.“

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: 65,7 милиони евра за Македонија од Планот за раст за спроведени реформи од Реформската агенда, најмногу од целиот регион, а кога СДС говори за корупцијата нека почне прво со чистење на својот двор кој е полн со криминалци

ДЕСК

Бојковска: Роамингот како дома станува реалност со ВМРО-ДПМНЕ, испорачуваме резултати, а не изговори

ДЕСК

Македонски Телеком добитник на национална награда за одржлив развој за иницијативата „Нет без хејт“

ДЕСК