Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Премиерот Мицкоски оствари средба со Амбасадорката на Германија, Н.Е. Петра Дрекслер

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со Амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Петра Дрекслер.

На средбата беа разменети мислења и ставови за тековните политички и економски прашања, како и за напредокот на интеграцијата на државата во Европската унија. Претседателот Мицкоски ја нагласи важноста на партнерството со Германија, истакнувајќи дека поддршката од германската страна е од клучно значење за развојот и стабилноста на нашата земја.

„Германија е од наш голем значаен стратешки интерес, партнер и пријател. Нивната поддршка и соработка се од големо значење за нас. Ќе продолжиме да работиме заедно во духот на партнерство и заеднички вредности“, изјави Мицкоски.

Амбасадорката Дрекслер ја потврди посветеноста на Германија за продолжување на одличната соработка со Северна Македонија и изрази подготвеност за поддршка во клучните реформи и проекти што се предвидени во наредниот период.

Средбата заврши со согласност за натамошно зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката во различни области од заеднички интерес.

Можеби ќе ве интересира

Пукање во Студеничани – откако полицајците сакале да го приведат осомничениот се насобрала поголема група на луѓе, а притоа лицето избегало

ДЕСК

Тажна вест: Почина уште еден затвореник во Идризово

ДЕСК

Физичка пресметка меѓу жени на Бит Пазар

ДЕСК