25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Османи во Виена и Вахау на состанок на министрите за надворешни работи на Западен Балкан и “Пријателите на Западен Балкан”

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес и утре ќе престојува во работна посета на Австрија, каде ќе учествува на состанок на министрите за надворешни работи на Западен Балкан и “Пријателите на Западен Балкан”, што се одржува во Виена и Вахау, на иницијатива на министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг.

Османи ќе се обрати на двете работи сесии на состанокот, на теми „Поплочување на патот за пристап на Западен Балкан во ЕУ преку постепена интеграција“ и „Проширување на ЕУ со Западен Балкан: Време е да се оствари!“.