23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Земјотрес вечерва ја стресе Македонија, ова се податоците

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 14.06.2024 година во 19 часот и 54 минути, регистрираше земјотрес чиj епицентар припаѓа на епицентралното подрачје Штип-Радовиш, 68 km југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.4.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во градот Штип и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.