23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Аврамовска-Мадиќ: Распуштањето на Судскиот совет и Советот на јавни обивнители би било упад од извршната во судската власт

„Од ВМРО-ДПМНЕ не слушнавме како ќе ги распуштат Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Како заменик министер, но и дел од вработените во Министерството за правда и експертите потенцираа дека како што се наметна, доколку се направи тоа во преодни и заврши одредби да се прекине мандатот е преседан и упад од извршната во судската власт“ рече заменик министерката за правда, Викторија Аврамовска-Мадиќ во „Вин-вин“ на Телма.

Таа додаде дека е готов нацрт законот кој е работен по препораките од оценската мисија од ЕУ за Судскот совет и дека таму се предвидува можност за утврдување на одговорност.

„И сега, по стариот закон, ако судиите се одважеа, можеа да побараат одговорност на членовите на Судскиот совет кои се од редот на судиите“ рече Аврамовска-Мадиќ.

Таа објасни дека не може да се решава проблемот со корупцијата со распуштање на институцијата која врши избор и разрешување и која утврдува одговорност по барање на судиите.

„Тоа е институција, не е судскиот систем или највисок орган. Проблемот треба да го бараме кај самите судии, поединци“ рече Аврамовска-Мадиќ.