Советот на ЕУ денеска го усогласи својот став за предлогот за формирање база на таленти на ЕУ, за да се олесни вработувањето на лица од трети земји во ЕУ.
Базата на таленти ќе се формира како онлајн платформа на ниво на ЕУ, која ќе овозможи усогласување на профилите на барателите на работа, кои не доаѓаат од ЕУ, со слободните работни места со цел да се пополнат дефицитните занимања на работодавачите во ЕУ.
Целта на оваа платформа е да се олесни регрутирањето на таленти од трети земји, кои живеат надвор од ЕУ, како и да се направи пазарот на ЕУ поконкурентен и да се справи со недостигот на работна сила, се вели во соопштението на Советот на ЕУ./Извор:Makfax