Centar.mk
СВЕТ

Опра Винфри во болница: познатата американска водителка хоспитализирана

Познатата американска новинарка Опра Винфри (70) завршила во болница на инфузија поради дехидрација предизвикана од стомачен вирус, јавуваат американските медиуми.

„Таа закрепнува од стомачен вирус и прими инфузија за дехидрација, како што препорача нејзиниот лекар“, рече нејзиниот претставник за медиумите во изјава дадена за Си-ен-ен.

„Таа се одмора и се чувствува подобро секој ден“, рече тој.

Винфри претходно ѝ кажала на својата најдобра пријателка, новинарката Гејл Кинг, дека „не може да држи вода во телото за да остане хидрирана“, па морала да побара помош во болница.

Кога таа ѝ рекла дека изгледа слабо, Винфри се согласила дека сè уште не е добро, но дека е на пат кон закрепнување.

Таа на својата пријателка ѝ кажала дека и многу луѓе во нејзината куќа заболеле од стомачен вирус и ги потсетила гледачите дека е важно да си ги мијат рацете./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Taткото и синот кои го извршиja масакрот во Австралија на семејството му рекле дека одат на риболов, се истражуваат врските со Исламска држава

C +

Аналитичар: Ако ЕУ навистина сака да се прошири, тоа мора да се одрази во новиот буџет

C +

Австралискиот премиер предложи построги закони за оружје по убиството на 15 лица на плажата Бонди

C +
error: Соддржината е заштитена.