23.8 C
Скопје
22. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
РЕГИОН

Потрагата по фармацевтот на Сува Планина сè уште трае: отишол без соодветна опрема за планинарење и ги оставил телефоните во автомобилот

Полицајци, пожарникари, членови на Планинарската спасувачка служба, семејството, роднините и пријателите сè уште трагаат по Милан Ѓорѓевиќ (41), кој исчезна во понеделникот попладне на падините на Сува Планина, во близина на излетничкото место Бојанини Води. На помош беа повикани шумарите, кои одлично го познаваат овој дел од теренот и патеките што водат до планинските врвови и до селото во подножјето на планината.

Потрагата по младиот фармацевт се врши и од воздух, со помош на најсовремен дрон, што Машинскиот факултет во Ниш им го обезбеди на пријателите на исчезнатиот.

Во понеделникот, по работа, Милан со својот автомобил „шкода“ се упатил до излетничкото место и го паркирал возилото на паркингот до затворениот планинарски дом. Еден од жителите на селото, кој ја косел ливадата, потврдил дека го видел околу 18.30 часот и од тогаш му се губи секаква трага.

Семејството и пријателите на младиот фармацевт веруваат дека тој отишол да шета на планината бидејќи сака природа и планинарење, но се загрижени што тој заминал сам и ги оставил и личниот и службениот телефон во автомобилот. Ги загрижува и тоа што на планина отишол без соодветна опрема за планинарење, со обични чевли, со кои лесно можел да се лизне, да падне и да се повреди, а не можел да повика помош бидејќи не носел телефон./Извор:Makfax