Чешката полиција ги зголеми безбедносните мерки во Прага и е во состојба на готовност поради заканите од терористички напади, а зголемените патроли ги штитат автобуските и железничките станици, трговските центри и местата каде што се собираат многу луѓе.
„Можам да потврдам дека полицијата во моментов презема превентивни мерки. Полицијата води истрага за нападите во странство. Осомничениот е уапсен. „Луѓето во Чешка не се изложени на поголем ризик“, изјави денеска министерот за внатрешни работи Вит Ракушан.
Чешкиот весник „Млада фронта Днес“ од неофицијални извори дознава дека станува збор за закана од терористички напади врз инфраструктурата, а тие важат и за други земји.
Чешкиот совет за национална безбедност итно ќе се состане в понеделник./Извор:Makfax