16.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Фондација Заев со поддршка за Фем Кампот за млади едукаторки

Поддршката и развојот на граѓанското општество е една од клучните програмски активности на Фондацијата „ЗАЕВ Едно општество за сите“. Како резултат на тоа, нашата фондација ја имаше улогата на дополнителен поддржувач на Организацијата на жени од Струмица, која деновиве , во соработка со три граѓански организации од Радовиш, Демир Капија и Гостивар, спроведе активност на одржување четиридневен феминистички камп за мл ади едукаторки од областа на родовата еднаквост, финансиски подджана со институционален гранд од Global Fund for Women.

На ФЕМ Кампот, покрај членки на Организацијата на жени од Струмица, учество зедоа девојки и претставнички од „Женска акција“ од Радовиш, „Женско лоби“ од Демир Капија и „Иницијатива за граѓански интеграции“ од Гостивар. Осознавањето на концептите на феминизмот и родовата еднаквост, како и на механизмите за остварување на правата во областа на еднаквите можнос ти помеѓу мажите и жените, беа главните цели на ФЕМ Кампот. Една од тие цели беше и поврзувањето на учесничките од различни региони на Северна М акедонија, за нивна понатамошна вклученост во заеднички активности за афирмирање на женските права и нивна поголема застапеност во општествените текови.

Поддршката на граѓанскиот сектор и натаму ќе остане еден од најважните приоритети на нашата фондација, со надеж дека кон таа поддршка ќе ни се приклучат и други невладини, непартиски и непрофитни чинители, како и општествено одговорни компании.