Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Приведен косовски државјанин поради давање поткуп

На 06.06.2024 околу 16.30 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода Б.П.(42) од Косово поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“. При пасошка и гранична контрола на патничкото возило „опел зафира“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, тој со документите дал пари како поткуп за да му се дозволи на неговиот сопатник К.С.(25) од Република Турција, кој го пречекорил престојот во државата, да оствари излез.

Парите биле одземени со потврда за одземени предмети, а лицето било предадено на полициски службеници од Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Север. К.С., исто така, бил приведен и задржан во полициска станица за понатамоишна постапка. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Можеби ќе ве интересира

За инцидентите со секира во Струмица, полицијата уапси едно лице – по друго распишана потерница

ДЕСК

Трагедија кај Гевгелија: Пронајден починат 36 годишен маж, полицијата излезе со детали

ДЕСК

Малолетници на 14 и 17 годишна возраст уапсени откако биле фатени како возат возило кое претходно било пријавено за украдено

ДЕСК