И покрај денешната наредба на Меѓународниот суд на правдата. Израел веднаш да ги прекине воените операции во градот Рафаh, во Појасот Газа, израелскиот министер Бени Ганц, член на Воениот кабинет, изјави дека Израел мора „да ја продолжи борбата“.
Ганц телефонски разговарал со американскиот државен секретар Ентони Блинкен од штабот на израелската армија во Тел Авив, а потоа најавил дека Израел ќе продолжи „да постапува во согласност со меѓународното право“ во Рафа – пренесоа израелските медиуми.
„Државата Израел води праведна и неопходна кампања откако бруталнаta терористичка организација масакрира наши граѓани, силуваше наши жени, киднапираше наши деца и испука ракети во центарот на нашите градови“, рече Ганц.
Тој тврди дека оваа земја е „должна да ја продолжи борбата за враќање на своите граѓани“ кои се заложници на Хамас и да ја обезбеди безбедноста на сите граѓани насекаде, вклучително и Рафах.
„Ние ќе продолжиме да дејствуваме во согласност со меѓународното право во Рафах и каде и да оперираме и ќе правиме напори да избегнеме повреди на цивили, не поради Хашкиот трибунал, туку пред се поради тоа што сме ние“, најави Ганц, поранешен началник на Генералштабот на Израел.
Лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид ја осуди наредбата на Меѓународниот суд на правдата бидејќи тој суд не го поврза барањето за прекин на воената акција со барањето за враќање на израелските заложници приведени во Газа.
Лапид, кој е остар критичар на премиерот Бенјамин Нетанјаху, рече дека „неуспехот на тој суд“ на ОН да ги поврзе овие две работи е „морален колапс и морална катастрофа“./Извор:Makfax