Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди Грција, западно од островот Крф, јавува ЕМСЦ.
Земјотресот е регистриран во 6:29 часот по локално време, на 34 километри од островот Отони во Јонското Море.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 6,8 километри.
Засега нема информации за повредени или материјална штета./Извор:Makfax