Centar.mk
СВЕТ

Пукање во Истанбул: расправија во кафуле прераснала во вооружен судир, има убиени и повредени

ТРИ лица загинаа, а пет се повредени, од кои две потешко, во пукотница што се случи синоќа во кафуле во областа Ускудар во Истанбул, соопштија турските власти.

Инцидентот се случил на улицата Ајазма во областа Уналан кога расправијата меѓу две групи прераснала во вооружен конфликт, пишува турски „Хуриет“. Според првите извештаи, веднаш по тепачката на местото биле испратени полициски и медицински екипи.

„Кавга помеѓу две групи околу 20 часот и 10 минути во кафуле на улицата Ајазма во областа Ускудар Уналан прерасна во вооружен конфликт. Три лица го загубија животот, а пет лица се повредени, од кои 2 потешко. Повредените се згрижени во близина. Во болниците продолжува истрагата“, соопшти гувернерот на Истанбул./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Атина предупредува: Нема да толерираме ширење на војната во Украина кон Медитеранот

C +

Куба остана без дизел и нафта за греење, струја нема до 20 часа на ден

C +

Валш: Поскапите авионски билети во Европа се „неизбежни“ поради зголемувањето на цените на горивата

C +