23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИС

Дали вредноста на еден семеен ручек е поважна одосигурување на домот?

Дали знаете дека осигурувањето на домот чини колку еден ручек? А сигурноста која ја овозможува е непроценлива.

Осигурувањето на имот на физички лица (домаќинскоосигурување) во земјава е на исклучително ниско ниво, или не повеќе од 7 отсто од вкупниот број на домаќинства. Ако овој процент го намалиме со хипотекарно осигурување кое е задолжително при кредитно финансирање на купувањето на недвижности, доаѓаме до статистички 3 отсто доброволноодносно самосвесно креирани полиси во сегментот имот – физички лица.

За споредба, во Хрватска речиси три четвртини оддомаќинствата имаат осигурување на имот, во поразвиените економии во Европската Унија процентот на осигурани домови е над 95%, додека просекот во регионот на Централна и Источна Европа е околу 42 отсто, споредизвештајот на ГфК.

Просечниот износ кој се вложува за осигурување на имот во2024 во Европа е 160.70 евра, во Југоисточна Европа процентот веќе паѓа на 62,38 евра, додека во Македонија просекот е околу 40 евра или 2.400 денари.

Несомнено е дека процентот на осигурување зависи од животниот стандард во земјата, од просечната плата, но сите искуства и анализи велат дека сепак доминантен фактор се културолошките навики и животниот стил. Тука, пред сѐ,пресудни се едукацијата и свесноста за потреба од осигурување на домот.

Дали вие го имате осигурано домот?

– Не го осигурувам домот затоа што којзнае колку е скапо тоа!
Најчесто, граѓаните немаат ниту најмала претстава за цената на чинењето на една годишна полиса за осигурување на имот. Тоа е така бидејќи цената на овие полиси е различна за секој поединичен случај, т.е имот. Ова е еден од факторите кои ја отежнуваат одлуката луѓето да се заинтересираат за осигурување на имотот. Секој од нив треба да побара понуда/пресметка, за да ја дознае цената на полисата за осигурување на неговиот имот.

– Немам осигурување на имот затоа што мала е веројатноста дека ќе имам штета.
За жал, податоците го покажуваат спротивното. Од година во година сведоци сме на зголемен број на штети настанати од природни непогоди, како што беа земјотресите во блиското соседство во Турција, Хрватска, Босна и Херцеговина; потоа, поплавите кои ги зафатија регионите во Словенија, Хрватска и Македонија; електричните празнења и громови станаа зачестена појава секое лето во Македонија и пошироко, како и градот и невремето кое уништуват кровови, посеви и плодoви секоја година. Пожарите низ Македонија станаа очекувана нужна последица на високите температури во летниот период, па подготовките за брза реакција се сега од круцијално значење за државата. Но, осигурувањето на имотот и домовите од пожари сѐ уште е недоволно застапено.

Кога зборуваме пак за штети во домот предизвикани од трети лица, како провални кражби, кршење прозори, стакла, излевање одводни цевки од соседи и слично, статистиката исто така бележи пораст во случаите. Веројатноста дека ќе имате потреба од осигурување на домот станува сѐпоголема.

Ризиците за штетни настани врз имотот се многубројни и осигурителните компании креираат различни пакети за осигурување на домаќинства кои покриваат различни штети т.е опфаќаат различни ризици според потребите на секој сопственик на имот

– Ако сѐ уште се прашувате зошто е важноосигурувањето на домот, одговорот е краток: тоа обезбедувакомпензација за вашите идни евентуални штети порадинепредвидливи фактори како што се природни катастрофикако земјотреси, бури, поплави, провални кражби итн. Неизвесни настани кои не можат да се предвидат. Соосигурувањето на домот добивате надомест за настанататаштета, како и за предметите во домот. Домот е нашата сигурност каде живееме, егзистираме со семејството, домот е нашата најважна и воедно една од најголемите животни инвестиции и не смее да биде неосигуран.

Годишното осигурување на домот вреди колку еденсемеен ручек?

Да дадеме една друга перспектива. Задоволството да сепојде во ресторан си има своја убавина, но дали е нештоповредно од мирот и сигурноста која ја обезбедуваосигурувањето на домот.

Со осигурување на домот ги осигуруваме омиленитепредмети во домот, уметнички слики, фотографии, па дурии телевизорот, новата машина за садови за кои гаранцијатакоја ја добиваме при купување не ги штити од: кражба, излевање на вода, кршење, пожар, или други потенцијалниризици.

Со осигурување на домот, нашиот имот, ги заштитуваме и нашите емоции, спомени, ја обезбедува нашата сигурност и безбедност, нешто можеби најважно во денешно време.

Да не бидеме едни од оние кои се решаваат за осигурувањеоткако ќе ги изгубат работите што им значат. Да не бидемеграѓани кои откако ќе им се опожари станот, кога ќе настанепоплава, или ќе им се случи кражба, знаат да кажат “зоштоне го осигурав домот”!

Осигурувањето на домот претставува мала инвестицијакоја ќе го заштити вашиот дом од големи загуби.Одберете ја најдобрата полиса за осигурување споредвашите потреби и карактеристики на вашиот дом.

Сумата за еден семеен ручек не може да биде поважна одцената што би ја платиле за годишно осигурување на домот!

Дополнителна споредба се износите за комуналии кои ги плаќаме месечно: Доколку годишната премија за домаќинско осигурување се плаќа на рати, месечната рата за осигурување е помала од најниската месечна рата за комуналии за потрошена вода и однесување на сметот која секое домаќинство ја плаќа.