„Граѓаните не гласаа за банкарска сметка, луѓето гласаат за идентитетски прашања, националистички. Пола од нив се антиалбански, разноразно премачкани, спакувани. На крајот резултатот е дека во Македонија повеќе не постои либерална идеја. Единствената партија која нема националистички позиции е СДСМ“ рече аналитичарот Сашо Ордановски на поткастот „Политикнати“ на „Слободен печат“.
Тој додаде дека не е среќен поради тоа, но дека за жал тоа е политичката реалност во земјава по изборите.
Ордановски додаде дека по ваквиот резултат на изборите ВМРО-ДПМНЕ може да ја тргне во аголот европската агенда и интеграцијата, па само декларативно да ги задоволуваат барањата на стратешките партнери од САД и ЕУ.
„Со ваков легитимитет, антиевропски, во оваа смисла, би било голем фаул на Мицкоски да влезе во процес на промена на Уставот“ рече Ордановски.