22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Повредени двајца полицајци во Париз кога маж им го украл пиштолот и пукал во нив

Двајца полицајци се повредени во престрелка во полициската станица во Париз, кога на еден од нив му бил одземен пиштолот од маж кој претходно бил приведен поради напад со нож врз жена.

„Полицијата интервенираше и го донесе овде, во полициската станица, и тој потоа му го грабна пиштолот на полицаецот“, изјави началникот на полицијата Лорен Нунес.

Обвинителството соопшти дека еден од полицајците е во тешка состојба, пренесува „Монд“.

Полицијата возвратила, а напаѓачот се здобил со повреди во пределот на градниот кош, по што бил пренесен во болница.

Како што информираат од болницата, животот на напаѓачот не е во опасност./Извор:Makfax