23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бебе почина по операција на крајниците: имало интервенција пред само една недела, се истражува причината за смртта

Седуммесечно бебе од Милано било пронајдено починато во креветчето само една недела по тонзилектомија.

Италијанската полиција веднаш почна да утврдува дали операцијата на крајниците, на која бебето било подложено непосредно пред смртта, има врска со смртоносниот исход.

Родителите на 6 мај го пронашле бебето во своето креветче и веднаш повикале помош, но веќе било доцна.

Медицинскиот персоналнал направил сѐ за да го реанимира бебето, дури го пренеле и во најблиската болница „Форнароли“ во Магента, но не можеле ништо да направат за да го спасат детето.

Момчето починало во истата болница во која било оперирано пред една недела, а обдукцијата ќе ја покаже вистинската причина за неговата смрт, пренесуваат локалните медиуми./Извор:Makfax