Коалицијата Влен во својата програма за парламентарните избори бара албанската химна, грб и знаме во училиштата и институциите да уживаат еднакво законско право „со она на Македонците“.
Дополнително, тие се залгаат и за измени на Законот за празници за да ја одразува еднаквоста, односно целосно да бидат признаени и албанските национални празници.
Тие исто така сакаат и нов Устав, во кој земјата ќе биде дефинирана како еднаква држава на двете мнозински заедници, но со гарантирани целосни права и на другите малцински заедници – Турците, Власите, Србите, Робиме, Бошњаците, Бугарите, Хрватите, Црногорците, Словенците, Евреите и Египќаните.
Оттука произлегува прашањето со кого токми коалиција Христијан Мицкоски и какви се негвоите планови за земјата, бидејќи во неколку наврати кажа дека Влен е неговиот посакуван партнер.