23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИС

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Во првиот квартал од 2024 година, глобалната економија покажа мешани достигнувањa, одбележани со позитивни показатели од една страна и долготрајни предизвици од друга. Сепак, нарушувањата во синџирот на снабдување продолжија, зголемувајќи ги стапките на инфлација и ограничувајќи го производството во одредени сектори. Геополитичките тензии и несигурноста околу трговските политики дополнително придонесоа за нестабилност на пазарот, што поттикна претпазливост меѓу инвеститорите. И покрај опкружувањето полно со предизвици и конкуренција, во кое компанијата работи во Република Северна Македонија и Косово, ОКТА останува лидер во снабдувањето со горива.
Обемот на продажба во првиот квартал од 2024 година изнесуваше 274 илјади м³, со пад од 11% споредено со истиот период минатата година. Производите беа пласирани на двата пазари на кои компанијата традиционално работи (домашниот и извозниот), при што извозот учествуваше со 35% во вкупниот обем на продажба.
Бруто маржата достигна 238 милиони денари и забележа пораст од 36% споредено со истиот период минатата година. Добивката пред оданочување изнесува 77 милиони денари.

ЕБИТДА изнесува 138 милиони денари и бележи пораст од 79% споредено со истиот период мината година. Ова е резултат од зголемената продажба на странските пазари, надополнет со зголемените домашни и извозни маржи, главно поради позитивниот ефект на вреднувањето на залихите од 28 милиони денари, наспроти негативниот во висина од 136 милиони денари, постигнат претходната година и делумно ублажен од зголемените оперативни трошоци за 6%.

Во согласност со своите стратешки приоритети и одлуката да ги зајакне инвестициите во почисти извори на енергија и да ги намали емисиите на јаглерод диоксид, компанијата инвестираше вкупно 29 милиони денари во текот на првиот квартал од 2024 година во изградба на 12 MW фотоволтаична централа, која се очекува да почне со работа до втората половина од 2024 година, и во други проекти за обновлива енергија. Овие инвестиции кои не само што придонесуваат кон одржливоста на животната средина, туку нудат и значителни економски придобивки.

Во 2024 година, стратегијата за ООП на ОКТА ќе остане посветена на обезбедување еколошка и социјална одржливост во заедницата во која работи. Компанијата втора година по ред ги поддржува активностите на СОС Детското село во Скопје. Овој пат ОКТА склучи договор за донација на 6.000 литри екстра лесно масло за домаќинство, со цел да го обезбеди годишното количество гориво потребно за затоплување на еден од младинските куќи во Радишани. Истовремено, вработените во ОКТА активно учествуваа во првата од трите годишни крводарителски иницијативи, потврдувајќи ја својата цврста посветеност на хуманоста и благосостојбата на заедницата.

Обезбедувањето на конзистентно и непречено снабдување е клучно во денешното динамично опкружување. Преку внимателно следење на ситуацијата, менаџментот на ОКТА делува проактивно, брзо реагирајќи на какви било потенцијални нарушувања. Истовремено, посветеноста кон унапредување на иницијативите за автоматизација ја подобрува ефикасноста и сигурноста, рационализирајќи ги процесите за непречено задоволување на зголемената побарувачка. Преку имплементирањето на иновации и способноста за прилагодување, ОКТА не само што одржува континуитет, туку придонесува кон подобрување на општеството, поттикнувајќи одржлив напредок и стабилност за сите.