24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Можеби бевме премногу попустливи, но сме извлекле поука и пристапот ќе ни биде повнимателен

„Свесен сум дека нашата инклузивност, но и концептот на едно општество за сите беше често и злоупотребуван од одредени политички сили и структури во земјата за лична корист. Можеби бевме и премногу попустливи во одредени ситуации, дадовме многу, а добивме многу малку за возврат“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на митингот во Неготино.

Тој додаде дека тоа не значи дека во било кој момент се откажале од остварување на политиките и активностите.

„Тоа значи дека сме ја научиле лекцијата, дека сме извлекле поука и дека наредниот пат, пристапот кон одредени состојби ќе биде повнимателен и претпазлив“ рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ рече дека неговата партија ја плаќа цената на тешките одлуки, но тоа не смее да не одврати од идејата за прогрес и суштински напредок.

„Македонија мора да биде европска земја и нема друг начин како да се направат вистински и опипливи промени дома. Мора да имаме повисок стандард, подобри услови во здравство, европско образование и конечно, да се избориме со корупцијата и да воспоставиме владеење на правото во сите сфери“ заклучи Ковачевски.